
Според истражувањето на пет милиони возила при технички преглед, Audi, BMW, Mercedes и Volkswagen се најдобрите брендови за избор на користени автомобили.
Германските автомобили доминираат во извештајот на Германското здружение за технички преглед, освојувајќи врвни позиции во различни категории на користени возила од поновите генерации. Благодарение на напредокот во квалитетот, овие модели постигнуваат врвни резултати. Audi, Mercedes и Volkswagen се лидери во класите на малечки, средни и луксузни возила, додека BMW е број еден кај спортските автомобили. Во компактната класа, пак, доминацијата ја продолжува Toyota.
Овие резултати го нагласуваат супериорниот квалитет на германските и јапонските производители во различни категории на користени возила.
